Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Овој град е феномен во регионот – Подрумите на периферијата се продаваат за 4.200 евра по квадрат!

Според податоците на Хрватскиот завод за статистика, квадратен метар на јадранското крајбрежје за една година поскапел за 16 отсто.

Цената на квадратниот метар во центарот на Сплит достигнала 8.200 евра. За град кој живее од туризам, уште повеќе боли фактот што подрумите во населбите на периферијата се продаваат за 4.200 евра по квадрат, јавува Дневник на Нова ТВ.

Недвижностите во Загреб, кои досега воделе во растот на цените, се забавиле, но и натаму се неверојатно скапи – за 7,7 отсто повеќе отколку пред една година.

Интересно е што старите згради растат три пати побрзо од новоградбата.

„За новоградбата секогаш има повеќе побарувачка, но купувачите се насочуваат и кон старото што се одразува на зголемувањето на цените. Од друга страна, најголемиот раст е остварен надвор од големите приморски градови и надвор од Загреб, бидејќи купувачите гледаат дека можат да купат подобра недвижнина неколку километри од главниот центар“, изјавил агентот за недвижности Матеј Самарџиќ.

„Погрешил е секој што чекал да купи, очекувајќи пад на цените поради владините реформи“, додал тој.

Во текот на годината, за истата цена во стан од 60 квадратни метри во Загреб, купувачот останал без бањата, а на Јадранското крајбрежје и без целата детска соба.

Статистиката на Евростат исто така покажува зголемување на цените во Хрватска. Цените во земјата се зголемиле за 12,3 отсто, додека просекот на еврозоната изнесува 2,6 отсто. Поголемо поскапување по Хрвастка се само Унгарија (13,4%), Полска (14,4%) и Бугарија (16,5%). Од друга страна, цените на недвижностите полека паѓаат во Германија, Финска и Франција.

Зачлени се на нашиот е-билтен