Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Партијата „Европа сега“ води на предвремените парламентарни избори во Црна Гора

Движењето Европа сега (ПЕС), според прелиминарните резултати објавени од Мониторинг центарот (ЦЕМИ), на предвремените парламентарни избори во Црна Гора во неделата освои околу 26 отсто од гласовите – односно 24 мандати, а според прогнозите, оваа партија ќе формира нова влада, објави хрватски N1.

Претходните проекции покажаа дека ПЕС може да освои 30 отсто од гласовите. Предвремените избори во Црна Гора ги одбележаа рекордно слаба излезност од околу 55 отсто, а одличен резултат на малцинските партии.

Движењето Европа сега е политичка партија создадена од првата влада формирана по парламентарните избори во август 2020 година, а нејзини лидери се поранешни министри во владата на поранешниот премиер Здравко Кривокапиќ, Милојко Спајиќ и Јаков Милатовиќ. Таа влада е формирана под силно влијание на Српската православна црква.

Предвремените парламентарни избори во Црна Гора ги следеа околу две илјади домашни и странски набљудувачи кои не забележаа нерегуларности кои би можеле да влијаат на изборниот резултат.

На изборите учествуваа 15 партии и коалиции. Црногорскиот парламент има 81 место.

Треба да знаете
Moже да ве интересира