Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Партијата на осудениот поранешен пратеник на Златна зора не доби зелено светло од Врховниот суд за учеството на изборите 

Врховниот суд на Грција вечерва ја отфрли кандидатурата на Национална партија –Грци на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис со што партијата нема да учествува на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми на денешниот состанок на политичкиот оддел на Врховниот суд, со мнозинство девет наспроти еден глас, било одлучено дека партијата на Касидиарис не ги исполнува потребните услови и критериуми за учество на изборите.

Грчкиот Парламент има изгласано закон и дополнителен амандман со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело.

Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација

Партијата  според истражувањата на јавното мислење во Грција, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот, меѓутоа со денешната одлука на Врховниот суд партијата не доби зелено светло за учество на изборите на 21 мај.

Зачлени се на нашиот е-билтен