На денешниот постојан конгрес на СИРИЗА, едногласно беа одобрени петте кандидатури за лидер на партијата во пресрет на изборите за нов претседател закажани за 10 септември, јави дописничката на МИА од Атина.
Во трката за лидер на најголемата грчката опозициска партија, по оставката на Алексис Ципрас пред два месеци, доставени беа пет кандидатури од поранешните министри и актуелни пратеници од СИРИЗА Ефи Ахциоглу, Ефклидис Цакалотос и Никос Папас, поранешниот министер од ПАСОК Стефанос Ѕумакас и од бизнисменот Стефанос Каселакис, кој живее и работи во САД.
На денешниот постојан конгрес одржан во Атина, сите кандидати имаа свои обраќања пред делегатите, презентирајќи ги нивните програми.
Партиските избори во СИРИЗА се закажани за 10 септември, а доколку е потребно, шест дена подоцна, односно на 16 септември ќе се одржи вториот круг.