По четири месеци борба за живот: Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

Осумнаесетгодишниот Вукашин Ц. од Змајево, кој беше тешко повреден при уривањето на настрешницата во Нови Сад на 1 ноември минатата година, денеска ја загуби битката за живот.

„Пациентот В.Ц. (роден 2006 година), кој беше тешко повреден при падот на настрешницата и кој, по лекување во Клиничкиот центар во Војводина, беше префрлен на ВМА на 29 јануари 2025 година, почина на 21 март 2025 година во оваа воено-медицинска установа.

И покрај сите преземени мерки и посветеноста на медицинскиот персонал, пациентот им подлегна на сериозните повреди и компликации. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, стои во соопштението на Воено-медицинската академија.

Ученици, наставници и граѓани денеска се собраа пред економското училиште „Светозар Милетиќ“, каде учел Вукашин, за да му оддадат последна почит. На училиштето беше истакнато црно знаме, а на социјалните мрежи продолжуваат пораките на сочувство и збогување со младиот живот кој прерано згасна.

Зачлени се на нашиот е-билтен