По трагедијата во Кочани, во Србија се проверуваат угостителските објекти

По трагедијата во Кочани, каде што во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, Србија започна вонредни инспекции на угостителските објекти.

Според Ненад Јоциќ од Министерството за внатрешни работи, акцијата почнала на 18 март и ќе трае до мај, со фокус на безбедноста при евакуација и запалливоста на градежните материјали.

Досега се извршени 98 контроли, наредени 633 мерки за корекција, издадени 48 прекршочни пријави, а 33 објекти добиле забрана за работа.

„Овој вонреден увид е поради пожарот во Кочани, со посебен акцент на безбедноста при евакуација и контрола на запалливоста на градежни материјали вградени во објектите…Издадени се наредби до сите организации и единици на итната помош, од кои 27 во Република Србија, да извршат вонреден инспекциски надзор во сите угостителски објекти, со посебен акцент на ноќните клубови и дискотеките“, рече Јоциќ.

Јоциќ ги повика граѓаните да пријават небезбедни објекти и истакна дека одговорноста за заштита од пожари мора да ја споделат и сопствениците.

Зачлени се на нашиот е-билтен