Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почнаа зимските попусти во Грција, ќе траат повеќе од еден месец

Од денес, во Грција стартуваат зимските попусти, кои ќе траат до 28 февруари. Според претседателот на Индустриската и трговската комора на Пиреја, Василис Коркидис, очекуваниот профит за овој период е над шест милијарди евра, јавува дописничката на МИА од Атина.

Попустите во Грција, согласно законот, се организираат два пати годишно – на почетокот на јануари и јули.

Коркидис изјави за грчката новинска агенција АНА-МПА дека целта за малопродажбата во јануари и февруари е прометот да биде повисок од истиот период минатата година. Неговите очекувања се поткрепени со зголемувањето на платите во приватниот сектор за 6,4 проценти и падот на невработеноста на 9 проценти.

– Оваа година треба да се фокусираме на проширување на попустите и во секторот на услугите, бидејќи голем дел од поскапувањата се префрлија од трговијата кон услугите, нагласува Коркидис.

Во пресрет на попустите, Здружението на потрошувачи на Грција ги потсетува граѓаните да внимаваат при купувањето. Трговците се обврзани јасно да ги прикажат оригиналните и намалените цени. Во случај на измамнички попусти, казната за трговецот е два отсто од годишниот промет, но не помала од 20.000 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен