Александар Мартиновиќ, познат како „монструмот од Цетиње“, кој во масакр уби 12 лица, а потоа си го одзел животот, претходно бил познат на полицијата по своето насилничко однесување. Сепак, соседите тврдат дека немале никакви проблеми со него.
„Не се расправаше со никого. Беше мирен, искрен и воздржан. Што точно се случи вчера, никој не знае. Дали бил виновен алкохолот или нешто друго, тоа никогаш нема да дознаеме“, изјавил еден од соседите за агенцијата „РИНА“.
Тој додава дека Мартиновиќ бил одличен авто-молер и дека не бил оженет.
Во меѓувреме, пред неговата куќа се наоѓаат големи полициски сили кои го обезбедуваат местото на трагичниот настан.