Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полициска акција во Северна Митровица, уапсен припадник на српската „Цивилна заштита“

Попладнево во Северна Митровица е изведена обемна акција на косовската полиција, по што уследи собирање на припадници на локалното српско население, а забележано е движење и на специјалните полициски единици, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, уапсениот е еден од водачите на нелегалната организација, која ја сочинуваат локални Срби, позната како „Цивилна заштита“.

Во време на акцијата на полицијата, во Северна Митровица се огласија сирени за тревога, по што уследи собирање на граѓани кај тамошното Техничко училиште, додека припадниците на специјалната полиција се стационираа во оближното Бошњачко маало.

Најново