Централната изборна комисија на Косово вчера го затвори избирачкиот список за изборите на 9 февруари 2025 година. Според списокот, право на глас имаат 2.075.868 гласачи, додека пописот од април и мај оваа година покажа дека Косово има 1.586.659 жители.
Од вкупниот број гласачи, 1.970.944 се регистрирани за гласање во Косово, а 104.924 се пријавени за гласање од странство. Дел од внесените се млади кои сè уште немаат право на глас.
Аријанит Елшани од Демократската партија на Косово, член на ЦИК, истакна дека списокот вклучува граѓани над 18 години, лица кои живеат во странство и починати чии семејства не ги пријавиле во општинските служби или Агенцијата за регистрација.
„Избирачкиот список го добиваме од Министерството за внатрешни работи. Проблемот е кај нив и кај општините кои не ги ажурираат своите бази на податоци“, заклучи Елшани.