Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради „Букинг“ хотелиерите во проблеми, не смеат на друго место да понудат пониски цени

Сајтот “Букинг” спречува хотелите да објавуваат изнајмување соби по пониски цени, се жалат угостителите во Европа. Ако е 100 евра ноќењето, тогаш 20 евра одат на „Букинг“, вели Георги Генов, директор на Зружението за хотелско-угостителска индустрија на Србија (ХОРЕС), и додава дека Србија плаќа 15 милиони евра за провизии.

Помошничката на ресорниот министер, Дуња Ѓениќ, објаснува дека „Букинг“ ја утврдува цената на сместувањето во договор со хотелите, а на основа на спорната клаузула не дозволува цената да се снижи на било кое друго место каде што хотелот може да понуди сместување.

„Тие секако треба да работат во согласност со законите на Република Србија. Инаку, кога зборуваме од нашата перспектива како Министерство за туризам и млади и секторот за туристичка инспекција, немаме надлежности за компании кои не се регистрирани во Србија. „Букинг“, кој го користиме како пример, е регистриран во Амстердам и едноставно немаме можност за било какви санкции“, вели Ѓениќ.

Генов истакнува дека нивната парола за гаранција на најниски цени е ставена под знак прашалник, бидејќи хотелерите не можат да продаваат сместување по пониски цени преку други канали, туку мораат да ја одржат цената која ја договориле со „Букинг“.

„Секако „Букинг“ е многу голема платформа и значително придонесува за пополнувањето на сместувачките капацитети, но ако ги собереме провизиите што ги плаќаме, мојата простира пресметка вели дека тоа е меѓу 10 и 15 милиони евра. Србија толку дава за „Букинг“ и други платформи“, нагласува Генов.

Тој смета дека е неопходна промена на Законот за заштита на конкуренцијата на Република Србија, имајќи предвид дека постојат елементи на загрозување на конкурентноста.

Генов вели дека во Шпанија е укината клаузулата за гаранција на најдобра цена, Германија, каде во 2021. година е донесена одлука за укинување, како и во Австрија и Италија.

Генов нагласува дека се подготвува документација и дека ќе се разговара за ова прашање за да се направат промени.

Пониски цени само во директна комуникација со хотелите

Помошничката на министрот за туризам и млади појасни дека „Букинг“ ја одредува цената на сместувањето, која е резултат на договорот со хотелерите, а она што не го дозволува на основа на спорната клаузула е да се снижи цената на било кое друго место каде што хотелот нуди сместување.

„Тоа не го спречува било кој хотелер или угостител во директна комуникација со потенцијалниот гостин да понуди пониска цена. Но, Генов додава дека член 10 од Законот за заштита на конкуренцијата на Република Србија забранува договорни практики кои имаат за цел или последица значително ограничување на конкуренцијата на пазарот и истакнува дека целта е собраните податоците да се достават до Министерството за трговија.

Тој истакнува дека државите кои ја преиспитале спорната клаузула имаат многу поголеми сместувачки капацитети од Србија, па од таа позиција им е полесно да преговараат.

Извор Мондо.рс

Зачлени се на нашиот е-билтен