Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради лошите услови прекината потрагата по тригодишното девојче во Сава во Загреб

Хрватските служби ја прекинаа потрагата по тригодишното девојче кое попладнево исчезна во реката Сава во Загреб, откако таму влегла со нејзината мајка.

„За денес е прекината потрагата поради тешките временски услови и мракот“ изјави Драган Павлиќ, лидер на нуркачкиот тим на противпожарникарната служба на Загреб.

Тој додаде дека условите се тешки и дека реката е доста брза со висок водостој, поради што е напорно да се нурка.

„Ја имаме целата потребна опрема, користиме и подводни скенери, дронови и рефлектори“ изјави тој за хрватските медиуми.

Според медиумите, мајката влегла во реката со тригодишното девојче попладнево, а сега таа е во болница, под надзор на полицијата.

Адвокатот ангажиран од нејзиното семејство вели дека нема податоци за што точно се случило, но кажа дека се надева оти целата приказна ќе има среќен исход.

Зачлени се на нашиот е-билтен