Поради протест, затворен граничниот премин Евзони кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска од 18:00 часот е целосно затворен за сообраќај кон Република Грција поради протест на грчките земјоделци, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според информациите, забраната важи за сите видови возила при влез во Грција. Од АМСМ додаваат дека граничниот премин во насока на излез од Грција функционира ограничено и во моментов е дозволен сообраќај само за тешки товарни возила.

На патниците им се препорачува да ја следат состојбата и да користат алтернативни гранични премини каде што е можно.

Зачлени се на нашиот е-билтен