Посетата на Трамп на Србија е поврзана со проект вреден 500 милиони долари, но има и политичка позадина, откриваат аналитичарите во Белград за ТВ Курир, медиум близок до власта во оваа земја.
„Тоа секако е важно за нас, имајќи предвид дека тоа се случува во првите 50 дена од владеењето на Доналд Трамп. Мислам дека оваа посета е поврзана со економскиот проект на кулата Трамп во Белград, чија инвестиција се проценува на 500 милиони долари, ќе биде 1.500 станбени единици, ќе биде огромен комплекс што ќе го врзе и семејството Трамп со Србија“, рече во гостувањето на ТВ Курир политикологот Владимир Кљајиќ.
Инвестицијата од 500 милиони долари значи дека земјата во којашто вложувате, сакате да напредува и да биде стабилна, оцени Кљајиќ.
„Тој (Доналд Трамп Јуниор) е еден од највлијателните советници на Трамп. Тој нема има позиција во американската администрација, но е извршен потпретседател на Организацијата Трамп, што секако му дава поудобна позиција да има влијание и врз самата администрација, со оглед на врските што ги има и фактот дека бил таму за време на неговиот прв мандат“, рече политикологот за Курир.
За белградските аналитичари интересот на семејството Трамп може да има позитивни ефекти за Србија кога станува збор за политички теми, како што е прашањето за Косово.
Што се однесува до економските односи меѓу Србија и Америка, овие односи постојано растат, и двете земји сега имаа трговска размена на стоки проценета на милијарда и 300 милиони долари.