Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пожарот во грчката област Еврос активен веќе 15 дена

Над 500 пожарникари веќе 15-ти ден, од копно и воздух, се обидуваат да го стават под контрола пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според грчката државна телевизија ЕРТ, денеска се активни три жаришта, од кои едно е северно од Националниот парк Дадиа.

Во гаснењето на пожарот, што избувна на 19 август, а досега изгоре површина од над 80.000 хектари, интервенираат 582 пожарникари со 122 возила, 16 пешадиски тима, осум авиони и два хеликоптери.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера беше во посета на Родос, островот што во јули беше зафатен од голем катастрофален пожар и истакна дека за следната година ќе бидат уште поподготвени за справување со пожарите.

Зачлени се на нашиот е-билтен