Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од среда, 7 мај, повторно се враќа на редовните работни обврски, откако поради здравствени проблеми мораше предвреме да ја прекине посетата на САД.
За среда наутро се најавени средби со амбасадорите на Русија и Велика Британија, додека првото негово јавно обраќање по паузата е закажано за вечерта истиот ден.
Да потсетиме, на Вучиќ му се слоши за време на посетата на Соединетите Американски Држави, по што побарал лекарска помош и донел одлука да се врати во Србија, што го спречи да присуствува на најавените настани поради кои патувал во Америка.
Веднаш по слетувањето во Белград, Вучиќ беше пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА), каде што го пречека министерот за здравство Златибор Лончар.
Состојбата на претседателот, според неофицијални информации, сега е стабилна, а неговото враќање на редовните активности се толкува и како обид за смирување на јавноста по шпекулациите за неговото здравје.