Принцот од Врање: Татко ми ме научи да ја пеам „Зајди зајди“

Стефан Здравковиќ, познат како Принцот од Врање, е избран да ја претставува Србија на Евровизија 2025 во Базел со песната „Мила“.

Роден во Врање, Здравковиќ е 31-годишен музичар кој од 2002 година живее во Белград. Покрај музиката, тој има и спортски успеси, бил државен првак и вицешампион на Србија во карате, а се натпреварувал и за националниот тим. Музичката кариера ја започнал на 15 години, кога со пријателите го формирале бендот „Шеста жица“. Покрај пеењето, свири гитара и тапани. Во 2020 година ја играше главната улога во рок операта „Исус Христос суперѕвезда“.

Во 2023 година, Принцот од Врање беше гостин на фестивалот „Охрид фест“ во Македонија. Тој изјави дека македонската музика му е блиска уште од детството, бидејќи неговиот татко ја пеел песната „Зајди, зајди“ и го научил и него да ја пее. Исто така, се изјасни како голем фан на Тоше Проески.

По победата на српскиот избор за Евровизија, Здравковиќ изрази благодарност и ги сподели плановите за подготовка за настапот во Базел.

Песната „Мила“ со која ќе настапи на Евровизија е оценета како емотивна и моќна, а неговиот уникатен стил и сценски настап привлекоа внимание и позитивни реакции од публиката и критичарите.

Со својот талент и посветеност, Принцот од Врање се надева на успешен настап и достојно претставување на Србија на претстојната Евровизија.

Во една прилика откри каков бил почетокот на неговата кариера. „Почнав да пеам во 2009 година. Кога се запишав во музичкото училиште во Врање, пеев Еци, пеци, пец бидејќи ништо друго не знаев. Ќе беше глупаво да го пеев Кеба. Татко ми е пејач, никогаш никаде не бил експониран, не е познат, но има прекрасен глас. И мајка ми пееше на разни забави и во хор. Брат ми пее и свири гитара и на некој начин ме воведе во светот на музиката“, изјави Стефан за српските медиуми.

По професија е филолог, а студирал на Катедрата за скандинавски јазици, литература и култура и норвешки јазик на Филолошкиот факултет во Белград. Филологијата во поширока смисла се однесува на науката што ги проучува лингвистичките појави, како граматички така и литературни.

“Имам поинаков акцент кога разговарам со луѓе од Врање. Бидејќи долго време сум во Белград, им го подигнав акцентот. Бев полиглот веднаш, од мали нозе. Луѓето веднаш знаеја дека ќе бидам талентиран за јазици. Нема многу случаи на норвешки, па ми е полесно”, рекол еднаш принцот.

Учествувал на многу фестивали, а на некои и победил. Ова не е првпат да се пријави на српскиот избор за песна на Евровизија. Во 2023 година тој освои најмногу гласови од публиката. Сепак, во конечниот пласман, тој заврши на второто место, веднаш зад Лук Блек, кој ја претставуваше Србија на Евровизија таа година.

„Кога Норвежанецот Александар Рибак победи на Изборот за песна на Евровизија, почнав да го гледам тој фестивал како нешто на кое би сакал да се појавам и да ја претставувам мојата земја. Тогаш, како дете, се натпреварував во карате за Србија. Не беше реално да ги балансирам сите мои обврски.“ На Инстаграм го следат повеќе од 31 илјада луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен