Високото јавно обвинителство во Кралево – град на југот на Србија – издаде наредба да се спроведе истрага против тројца косовски полицајци, уапсени од српските сили, на 14 јуни,пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.
Според српските власти, тие се осомничени дека сториле кривично дело: недозволено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, што предвидува казна затвор до 12 години.
Тројца полицајци Б.С. Р.З. и М.Ш., во петокот од страна на судијата на претходна постапка во Вишиот суд во Кралево им е одредена мерка притвор, но засега не е јасно колку ќе трае.