Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“

Во Нови Сад денеска напладне се одржа протестниот марш на универзитетските наставници, истражувачи и студенти „4.000 наставници, 4.000 чекори“, пренесува Бета. 

Студенти, наставници и граѓани се собраа на Академијата за уметности и во 11:52 часот одржаа 15-минутен молк за жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица на 1 ноември.

Студентите и професорите на Медицинскиот факултет организираа посебна поворка за да се сретнат со наставниците и колегите кои ги чекаа на Академијата за уметности.

Насобраните носеа големи транспаренти „Сите штрајкуваат“ и „Професорите се со вас“, и скандираа „Оставка или затвор!“, „Нема да не газите!“, „Генерален штрајк!“ и „Образованието во штрајк!“.

Поради маршот беа блокирани повеќе улици во центарот на Нови Сад.

Зачлени се на нашиот е-билтен