Путин: Се согласувам со Вучиќ, европски центри организираат „шарена револуција“ во Србија

Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Рускиот претседател Владимир Путин денес во Сочи изјави дека се согласува со проценката на српскиот претседател Александар Вучиќ и руските разузнавачки служби дека „одредени европски центри на влијание се обидуваат да организираат „шарена револуција“ во Србија“.

„Во овие процеси најчесто се користат луѓе, особено млади луѓе, кои немаат доволно познавање на актуелните прашања, ниту пак ги разбираат историските последици од таквите настани. А знаеме до што доведе обоената револуција во Украина – неуставно и нелегитимно преземање на власта, кое, да бидеме искрени, никогаш не донесе ништо добро“, рече Путин, цитиран од српскиот официјален весник Политика.

„Многу е побезбедно и поправилно да се почитува законот и уставот. Младите се најлесно под влијание, затоа зборував за нашите девојки и момчиња кои ги користат руските симболи како основа на нивниот идентитет и заштита од надворешен притисок. Младите луѓе во Србија, вклучително и оние кои ја напуштаат земјата, сè уште носат во себе патриотизам и врска со својот народ. Затоа е важно да се одржува дијалог со нив“, додаде тој.

„Српскиот народ помина низ огромни страдања – пред Првата светска војна, за време на двете светски војни и по нив. Оние кои денес ги туркаат младите на улиците сакаат ова страдање да продолжи, исто како што сакаат рускиот народ да страда. Да бидам искрен, ова можеби не се кажува директно во Србија, но пораката е јасна. Тие ветуваат дека „сè ќе биде во ред“, но никогаш не прецизираат – што значи „добро“? И по која цена? „Ова се молчи, а резултатот е речиси секогаш спротивен од она што го очекува народот“, додаде рускиот претседател.

Зачлени се на нашиот е-билтен