Рама одржа митинзи за Албанците на Крит и во Атина во пресрет на парламентарните избори

На островот Крит во саботата и вчера во Атина, албанскиот премиер Еди Рама одржа митинзи и средби со Албанците, кои живеат во Грција во пресрет на парламентарните избори во Албанија на 11 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Со развиорени албански знамиња и овации, албанскиот премиер беше пречекан на собирот во Атина се одржа вчера попладне во сала во културен центар што беше целосно исполнета.

Митинзите на Рама беа под слоганот „Заедно за Албанија 2030 во ЕУ“.

Во саботата албанскиот премиер беше во градот Ханија на островот Крит, каде што во спортска сала одржа митинг за Албанците, кои живеат и работат на островот, а според грчките медиуми, најавил дека Албанија сака да отвори Конзулат на островот за да им го олесни конзуларниот дел на албанските државјани од Крит и да не треба да патуваат во Атина.

Првата средба на Рама со Албанците кои живеат во Грција беше лани во мај кога во Атина одржа митинг во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји. ср/ми/

Фото: Фејбук профил на Еди Рама

Зачлени се на нашиот е-билтен