Албанскиот премиер Еди Рама остро ги критикуваше домашните туристи од Албанија, Косово и Северна Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи на плажите“ во земјата. Изјавата ја даде во контекст на заложбите за подигнување на еколошката и туристичката култура.
Според Рама, странските посетители кои зборуваат англиски, италијански или шпански не се проблемот, туку токму туристите кои зборуваат албански јазик – и кои, како што рече, „често демонстрираат патриотизам на фудбалските стадиони со повици за војна со Србија“, но не покажуваат ист патриотизам кога станува збор за грижата за животната средина.
Во истата изјава, Рама најави и можни рестрикции за одредени типови музика на плажите, вклучувајќи и забрана на „талава“-музиката во баровите и клубовите покрај морето, како дел од иницијативите за унапредување на квалитетот на туристичката понуда.
Изјавата на премиерот предизвика реакции во јавноста, особено поради директноста со која се адресираат граѓаните од регионот. Очекувано, следуваат и коментари од културната и туристичката сцена.