Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Расте бројот на загинати мигранти кај Пелопонез

 Најмалку 59 мигранти се удавија, а 104 се спасени во голема спасувачка акција од рибарски брод што утринава потона во близина на јужниот брег на Грција, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила на 75 километри југозападно од Пелопонез, каде што беа испратени седум бродови на крајбрежната стража и морнарицата и еден хеликоптер, а во потрагата учествуваа и неколку приватни бродови.

Четворица преживеани патници од потонатиот брод, за кој се верува дека отпловил од областа Тобрук во источна Либија кон Италија, се пренесени во болница.

Нема информации колку патници имало во бродот, но се верува дека покрај 59-те загинати, има и десетици исчезнати, соопшти грчката крајбрежна стража.

Италијанската крајбрежна стража утрово ги известила грчките власти и агенцијата за заштита на границите на ЕУ, Фронтекс, дека брод со мигранти се приближува кон Пелопонез.

Шверцерите со мигранти се повеќе користат поголеми бродови и јахти и едрилици за да ги избегнат контролите на патролите на крајбрежната стража.

Вчера помош побарала јахта под американско знаме во која имало 90 мигранти, а се чини дека била украдена од пристаниште во Турција.

Во друга операција денеска, повеќе од 70 мигранти беа пренесени до пристаништето на јужниот брег на островот Крит, откако властите одговорија на нивниот повик за помош. 

Зачлени се на нашиот е-билтен