Реакции во Бугарија на иницијативата на Поповска: Нов чекор за одалечување на Македонија од ЕУ, зад ова стои Мицкоски

Режимот на Христијан Мицкоски брзо (и политички) ја оддалечува Република Северна Македонија од Европската Унија – единствениот гарант за нејзиното постоење надвор од југословенскиот шаблон и цврстата стисок на Белград.

Ова е ударната реченица на уредникот на редакцијата за надворешна политика на бугарската агенција БГНЕС, на иницијативата на поранешната пратеничка и лидерка на ДОМ Лилјана Поповска да го оспори вториот протокол од втората сесија на Заедничката меѓувладина конференција, потпишан од министрите Генчовска и Османи пред три години, во периодот кога беше договорен таканаречениот „француски предлог“.

Во коментарот ова се оценува како несоодветна кампања за да се прикрие офанзивата против Преговорачката рамка со Европската Унија и против Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година со двата протоколи што произлегоа од него

Авторот на едиторијалот тврди дека зад ова стои македонскиот премиер Мицкоски кој се прикрива зад „енергичната помош на поранешната пратеничка Лилјана Поповска – сојузник на неговиот политички татко Никола Груевски во минатото и ќерка на патријархот на модерниот Македонизам Блаже Ристовски“.

Како што е познато Поповска покрена иницијатива за оспорување на записникот од втората сесија на Заедничката меѓувладина конференција, потпишан од министрите Генчовска и Османи пред три години, во периодот кога беше договорен таканаречениот „француски предлог“ пред Уставниот суд на Северна Македонија.

Одлуката на судот за само неколку дена за да отвори постапка за разгледување на жалбата, за БГНЕС е доказ дека политичкиот естаблишмент стои зад аргументот на „обичниот граѓанин“ за каков се прикажува Лилјана Поповска.

Лилјана Поповска смета дека документот е во спротивност со Уставот, имено со основните слободи и човекови права. Подносителот на барањето тврди дека протоколот има несоодветна форма и содржина, дека излегува од рамките на правен акт што регулира член од договор меѓу две држави и дека произведува штетни последици по прашањата за идентитетот на „македонскиот народ, јазик и држава“. Поповска, исто така, смета дека протоколот е неуставен, бидејќи не е ратификуван од парламентот и не е објавен во „Службен весник“, а тврди и дека е во спротивност со Законот за склучување, ратификација и спроведување на меѓународни договори. Она што поранешната пратеничка го бара од Уставниот суд е да го поништи протоколот.

Во предметниот документ всушност се наведува дека Македонија се согласува да ја одржи следната меѓувладина конференција со ЕУ откако ќе ги вклучи Бугарите меѓу народите што формираат држава во преамбулата и два члена од нејзиниот Устав. Во истиот протокол, владата на Република Северна Македонија ја потврдува обврската дека ништо во нејзиниот устав не може и не треба да се толкува како основа за мешање во внатрешните работи на Бугарија со цел заштита на статусот и правата на лицата кои не се државјани на Северна Македонија. Протоколот, исто така, предвидува борба против говорот на омраза против Бугарите и Бугарија.

БГНЕС потсетува дека „обидот за ревидирање на меѓународните договори беше пречекан со категорично „не“ од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, кој неодамна во друштво на Мицкоски нагласи: „Нема план Б, Северна Македонија мора да го исполни она што беше договорено во 2022 година, нема за што да се преговара“.

Авторот на текстот истакнува дека „Бугарската држава е должна да реагира на невиденото кршење на меѓународното право од страна на Скопје, кое има сите знаци на прв чекор кон потенцијална ликвидација на целиот напредок од 2017 година. Обидот на Скопје да ја постави Бугарија и меѓународната заедница пред свршен чин – дека претходните договори не се применливи според Уставот и соодветно на тоа нивната ревизија е задолжителна – мора да се соочи со категорично противење и од Бугарија и од Европската Унија“.со јасно и категорично оправдување од Бугарија кон нејзините сојузници.

Зачлени се на нашиот е-билтен