Како што се вжештува протестот во Белград, атмосферата е напната, јавува белградски „Данас“.
Студентите на блокадата кои повикаа на протест најавија дека во 16 часот главниот митинг ќе биде пред Собранието на Србија, но и кај Славија, каде што ќе има бина, хор и говорници.
Реки од народ се движат кон центарот на Белград, воените ветерани направија ред пред Собранието на Србија, а низ центарот се распоредени силни полициски сили.

Три лица соборени во инцидент во Жарково кога автомобил налета на колоната граѓани.
Протесните колони демонстранти кои се одзваа на повикот на студентите во блокадата се движат низ Белград, од сите страни и од сите делови на градот, набљудувачите оценуваат дека ова е историски протест.
И покрај дописот испратен до вработените во Радио телевизија на Србија во кој се наведува дека работните активности ќе продолжат вообичаено и денеска, програмата на телевизијата РТС е префрлена на Кошутњак, додека полициски службеници во моментов се во зградите во Таковска и Абердарева, велат за ФоНет сигурни извори од Јавниот сервис.
Силни полициски бригади се стационирани во Паркот Пионер, а моторџиите го зазедоа просторот пред Собранието на Србија.
Колона студенти и граѓани, предводени од студенти на Факултетот за ликовни уметности и другите факултети на Универзитетот за уметности се искачуваат на улицата Таковска. Граѓаните ги пречекуваат со аплауз и извици „Пумпај!“ Пристигнува и колоната од Плоштадот на Републиката.