Руската амбасадорка била избркана од изложба во Софија

Руската амбасадорка во Бугарија Митрофанова, Фото: БГНЕС
Руската амбасадорка во Бугарија Митрофанова, Фото: БГНЕС

Со скандирања „Ова не е Москва“, руската амбасадорка Елеонора Митрофанова вчера беше избркана од галерија во Софија. Изненадена од реакцијата, таа ја напуштила просторијата.

Настанот се случил за време на отворањето на провокативната изложба на жени со маски на горила кои се борат за родова еднаквост која ги вклучува најзначајните дела на групата „Герила девојки“.

Двајца од основачите на креативниот колектив пристигнаа во Софија специјално за неговото отворање.

Отворањето на изложбата беше проследено со скандал со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова, кога гостите на настанот почнаа да ѝ скандираат „Ова не е Москва“.

Од Националната галерија за бугарските медиуми рекоа дека Митрофанова не добила лична покана за изложбата, но не може да биде спречена да ги посетува јавните места.

Зачлени се на нашиот е-билтен