Претседателката на Косово Вјоса Османи и вршителот на должноста директор на УСАИД во Приштина Кери Монаган Хоглер денеска во Приштина потпишаа договор за грант за развојни цели во износ од 34,7 милиони долари.
На прес-конференцијата по потпишувањето, Османи рече дека договорот е „доказ за поддршката на владата и народот на САД“ за Косово.
„Една од примарните цели на овој договор е да обезбедиме подобри услуги за нашите граѓани“, изјави Османи и оцени дека договорот „ќе помогне во континуирано намалување на корупцијата“.
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер рече дека договорот „го потврдува долгорочното партнерство на САД со народот на Косово“.