Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сакеларопулу: ЕУ интеграцијата на Западен Балкан е инвестиција од стратешки карактер

Убеденост дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е взаемно корисна инвестиција од стратешки карактер, изразила претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу за време на нејзиното учество на панел дискусија на Стратешкиот форум во Блед, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакеларопулу заедно со претседателките на Словенија и Молдавија, комесарката за човекови права на Советот на Европа, како и со млади од Западен Балкан, дискутирале за предизвиците со кои денес се соочуваат младите.

Претседателката на Грција, како што соопштија од нејзиниот кабинет, се осврнала на животната средина и климатските промени, на „одливот на мозоци“, на економијата и економскиот раст, но и на ЕУ перспективата на регионот.

-Во однос на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, г-ѓа Сакеларопулу го повтори нејзиното цврсто убедување дека интеграцијата на овој регион во Европската унија претставува взаемно корисна инвестиција од стратешки карактер во која од голема важност се заедничките вредности на демократијата, слободата и владеење на правото, соопштија од кабинетот на грчката претседателка.

Сакеларопулу истакнала дека особено по руската инвазија на Украина и меѓународните компликации кои произлегуваат од континуираната херојска борба на украинскиот народ, „забрзувањето на процесот на интеграција во ЕУ на земјите кандидати претставува најбезбедниот пат за мир и просперитет на сите нас“. 

Најново