Се продлабочува кризата во Косово: Нов неуспешен обид за избор на претседател на Собранието

На денешното десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово повторно не беа избрани ниту претседателот, ниту потпретседателите.

Пратениците не го прифатија предлогот за формирање изборна комисија, што го спречи процесот на избори. Претседавајќи со седницата, пратеникот од Самоопределување, Авни Дехари, повторно побара од пратеничките групи да предложат кандидати за комисијата која ќе го следи тајното гласање.

Кандидати за членови на изборната комисија поднесоа пратениците од Самоопределување, како и претставници на немнозинските заедници. Сепак, претставници на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово се изјаснија против формирањето на комисијата.

По ова, претседателот го стави на гласање предлогот за состав на комисијата, но тој не го доби потребното просто мнозинство од 61 глас. Ова беше второ неуспешно обидување за избор на комисија во текот на последните два дена.

Зачлени се на нашиот е-билтен