Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Седум од десет Грци сметаат дека по изборите на 25 јуни ќе биде формирана еднопартиска Влада

Поделено е мислењето на Грците во однос на тоа дали земјата во овој период оди во правилна или погрешна насока, додека пак седум од десет сметаат дека по изборите на 25 јуни ќе биде формирана еднопартиска Влада, според новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Metron analysis“ за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина. 

Резултатите од анкетата покажале дека на следните избори би се повторил резултатот од претходните, Нова демократија би добила меѓу 38,2 и 43,8 отсто од гласовите, а СИРИЗА меѓу 16,9 и 21,3 проценти, додека пак во Парламентот ќе обезбедат место седум партии, две повеќе од претходниот изборен процес. 

Нова демократија би добила 162 пратенички места и можност за формирање еднопартиска Влада, СИРИЗА 51 пратеник, ПАСОК – Движење на промена 32, Комунистичката партија 20, Курс на слободата 13 пратеници, а потоа следат десничарските Грчко решение и Победа со 12 и 10 пратенички места. 

На прашањето колку се задоволни од изборниот резултат од минатите избори на 21 мај, 43 отсто одговориле позитивно, а исто толку анкетирани изразиле незадоволство.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено во периодот од 25 до 30 мај, односно започнало четири дена по првите избори, а биле анкетирани 1.202 лица со право на глас.

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен