Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис на 5 септември ќе престојува во работна посета на Анкара, каде ќе се сретне со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, се наведува во соопштението на МНР, цитирано од АНА-МПА.
Двајцата министри ќе разговараат за прашања поврзани со билатералните односи, како и за регионалните случувања, се наведува во соопштението.