Шекеринска ќе одржи предавање во Воениот клуб во Софија. Заменичката генерална секретарка на НАТО, која е во неколкудневна посета на Бугарија за да ја следи меѓународна вежба на НАТО, предавањето ќе го одржи на покана на Атлантскиот клуб.
Јавното предавање ќе се одржи на 8 септември во Воениот клуб. Ќе биде посветено на развојот на индустријата и одбраната, како и на поддршката за Украина.
За време на својата посета Шекеринска имаше повеќе средби, меѓу кои и таа со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
На средбата било истакнато дека Бугарија има активната улога во европската и регионалната безбедност. Во однос на регионалната безбедност, вклучително и воената мобилност на НАТО и ЕУ заменичката генерална секретарк на НАТО Радмила Шекеринска и премиерот на Бугарија Росен Жељазков ја истакнаа важноста на Паневропскиот Коридор VIII, кој го поврзува Јадранското Море од Италија преку Албанија, Република Северна Македонија, до Бугарија на Црното Море.