Пренасочувањето на авионските летови денес не е реткост, а авионите најчесто слетуваат на алтернативен аеродром поради лоши временски услови, итни медицински причини или технички проблеми. Сепак, она што се случува во последните неколку дена на летовите на Wizzair од и за Белград предизвика значителна нервоза кај патниците.
-Сè започна пред два дена, на 21. јануари, кога лет W64153 за Гетеборг (GOT) слета во Будимпешта (BUD), а летот W64127 за Лисабон задоцни дури 5 часа, бидејќи авионот претходно летал да се наполни со гориво во Темишвар, како што им рекле на патниците, „затоа што постојат ограничувања за гориво на аеродромот во Белград“. Вчерашниот лет (22. јануари) W64116 од Барселона (BCN) за Белград слетал во Темишвар (TSR). Според сведоштвото на патниците, тие биле вратени во Белград со автобус. Авионот се врати празен во Белград. Денешниот лет на унгарската нискобуџетна компанија за Абу Даби ќе лета преку Крајова, пишува порталот Аеро.рс.
Според информациите на Аеро.рс, компанијата „Аеродром Белград“ известила дека снабдувањето со гориво на аеродромот е нормално и дека летовите се изведуваат според планот.
Според неофицијалните информации во јавноста, Wizzair поради санкциите на САД кон НИС, кој е единствениот оператор за гориво на белградскиот аеродром, престанал да точи гориво во Белград и повремено ги полни своите авиони во Будимпешта и Темишвар.
Таквото однесување на унгарската авиокомпанија е неодговорно, бидејќи патниците повеќе не знаат што да очекуваат и каде ќе заврши нивниот лет. Wizzair засега не дал одговор за поратлот.