Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот, утре повторно ќе го посети Белград, по втор пат во последните два месеци, објави „Блиц“.
За време на посетата на српската метропола, Трамп помладиот ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а планирана е и заедничка вечера.
Попладне тие ќе учествуваат на бизнис форум организиран од Стопанската комора на Србија и Клубот на бизнисмени. Според изворот на „Блиц“, Трамп Џуниор ќе им се обрати на присутните по тој повод.
Да потсетиме дека Доналд Трамп помладиот и Александар Вучиќ веќе се сретнаа кон средината на март годинава.