Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобри финансиска поддршка за модернизација на среднонапонската електроенергетска мрежа во Словенија, како дел од поголема инвестициона шема вредна речиси 236 милиони евра. Од оваа сума, речиси 96 милиони евра се наменети за Словенија, соопшти Министерството за заштита на животната средина, климата и енергетиката.
Средствата се дел од кофинансирање проекти во рамките на Фондот за модернизација, насочени кон подобрување на преносната и дистрибутивната мрежа. Оваа иницијатива ќе поддржи изградба, реконструкција и надградба на клучната инфраструктура, вклучувајќи 110/20 киловолтни трансформаторски станици, 110 киловолтни линии и модернизација на секундарната опрема.
Со овие инвестиции, Словенија има за цел да обезбеди пофлексибилна, автономна и доверлива електроенергетска мрежа, способна да одговори на пазарните предизвици и зголемената побарувачка за стабилно снабдување со електрична енергија.