Словенија ќе го забрани фрлањето храна

Словенија ќе стане втората европска земја што ќе го забрани фрлањето храна од трговските синџири. Со донесување на овој закон храната што се ближи до својот рок на траење или сè уште е добра за малопродажна употреба ќе биде донирана на хуманитарни организации.

Ваков закон во 2019 година стапи на сила во Франција кадешто од супермаркетите, од големите дистрибутери на храна и производителите се бара да не фрлаат храна за јадење. Словенија наскоро ќе го следи примерот.

Според извештајот на Обединетите нации, во 2022 година, околу 19 отсто од глобално произведената храна, или околу 1,05 милијарди метрички тони, биле потрошени низ целиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен