Со одлуката на Богословскиот, под блокада се сите 31 факултет на Универзитетот во Белград

„Toa e добра вест“, изјави владиката на СПЦ Григорије запрашан за коментар за одлуката на студентите на Богословскиот факултет да се приклучат кон блокадата, но не сакаше да коментира подетално, пишуваат српските медиуми.

Како што соопшти „Данас“, студентите на Православниот Богословски факултет денеска на пленум гласаа за блокада.

Тоа значи дека сега под блокада се сите 31 факултет на Универзитетот во Белград.

„Блокирањето на Православниот богословски факултет би било најпотребно за таа институција и за СПЦ“, изјави претходно теологот Вукашин Милиќевиќ за Данас.

Зачлени се на нашиот е-билтен