Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Софија му порачува на Скопје да се држи до заложбите за уставни промени

Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија е услов за почеток на преговорите со ЕУ.

Новата бугарска влада објави дека одбива да преговара со Северна Македонија за омекнување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.

Пред три години, Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки што ќе го деблокираат процесот на европска интеграција на Западен Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот устав, а властите во Софија ветија дека ќе го отстранат ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија.

На почетокот на 2024 година на власт дојде десничарската националистичка партија ВМРО-ДМПНЕ, а премиер стана лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Партијата победи на изборите со остра антибугарска реторика, ветувајќи дека нема да направи отстапки за Софија.

Мицкоски тврдеше дека чекал избор на редовна влада во Софија за да почнат преговорите за укинување на бугарското вето, но првите сигнали се дека дијалогот нема да се обнови.
Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија не е билатерален проблем, туку веќе е услов на Брисел кон Скопје.

„Бугарија останува исклучително доследна во однос на нејзината политика кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји од овој регион. Постои европски консензус, како што е познато во Бугарија – францускиот предлог, кој строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи од Република Северна Македонија“, коментира министерот.

Зачлени се на нашиот е-билтен