Во акција на пожарникарите во шумски дел зафатен од пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција спасени се 25 нелегални мигранти, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според државната агенција АНА-МПА мигрантите биле лоцирани и извлечени во голема и тешка спасувачка акција на противпожарната служба и безбедно пренесени во селото Дадиа.
Пред десет дена во истиот регион, во пожарот животот го загубија 19 лица.
На 22 август беа пронајдени јагленосани тела на 18 мигранти меѓу кои и деца, а ден претходно беше пронајдено безживотно тело на уште едно лице.