Токму во периодот на празниците, многумина трошат многу пари, а следната плата изгледа многу далеку. За тоа многумина бараат начини за намалување на трошоците, а еден од нив можеби е струјата, односно греењето.
Еден корисник на платформата “Икс” споделил дека конечно нашол начин како да постигне заштеда. Станува збор за инвертер клими.
-Конечно заштеда! Наместо со греалки (на струја), оваа сезона се грееме со инвертер клими (исто така на струја). Ако се продолжи со овој процент на заштеда, инвестицијата ќе биде оправдана веќе во првата сезона, напишал тој.
Кога бил прашан на која температура го има подесено уредот, одговорил дека е подесен на 24°C во автоматски режим, а температурата во станот е 22°C. Навечер ја намалува на нешто пониска температура, точно 21°C, а понекогаш и 20°C. Нагласил дека тоа не е конечно подесување и продолжува да „експериментира со подесувањата“.

На овој начин, заштедата изнесува 33%, односно сметката е намалена за една третина, објаснил авторот на првичната објава.
Еден електричар коментирал дека ваква заштеда е можна и објаснил кој начин на греење го смета за најдобар.
-Да, тоа е можно, инвертер климите се во тренд, многу луѓе се греат на овој начин, но според моето мислење, тоа не е за големи квадратури. Ако некој има стан од 30 и повеќе квадрати, тогаш е препорачливо, но ако има куќа со површина поголема од 200 квадрати, тогаш не е баш исплатливо. Мислам дека печката на пелети е најдобриот начин на греење ако целта е да биде топло во секоја соба, рекол мајсторот.
Коментарите под објавата биле бројни, а некои од нив вклучувале искуства на други корисници и совети за заштеда.
-Ние ги заменивме норвешките радијатори во централниот дел на станот со инвертер, заштедата е околу 400 kWh (од 1300-1400 на 900-1000 во пик месеците). Во спалните соби ги оставивме норвешките, бидејќи воздухот со климата е премногу сув, па не е баш за спиење. Економичноста и ефектот на греење -10, напишала една корисничка на „Икс“.
Иако имало многу луѓе кои се согласувале со економичноста на инвертер климите, имало и такви со различно искуство.
-Инвертерите не се толку добри за греење. Од некоја причина, првата година добро греат, но во втората година греењето е послабо. За мене најдобри се гас, парно греење, па дури и печки. Тие ги загреваат ѕидовите и мебелот, додека климите само го загреваат воздухот, напишал еден корисник.