Целосно е прекинат јавниот превоз во главниот град на Србија, јави МИА од Белград.
Српското Министерство за внатрешни работи утрово наредило целосно прекинување на јавниот превоз во Белград, каде денеска се одржува студентскиот протест „15 за 15“.
Од синдикатот во Јавното градско претпријатие за превоз изјавија дека наредбата од МВР на Србија е примена утрово во 9 часот и пет минути поради безбедносни причини.
„Сите возила на ГСП, тролејбусите и трамваите беа заменети со автобуси, уредно заминаа за сите линии со кои управува ГСП. Во 9.05 часот дојде наредба од Министерството за внатрешни работи да се повлечат возилата во гаражата“, изјави претставник на синдикатот.