Синоќа околу 23 часот студентите го блокираа влезот во зградата на РТС и ноќта ја минаа пред јавниот сервис. Од утрово им се придружија повеќе граѓани.
Демонстрантите формираа човечки синџир, спречувајќи ги вработените да влезат во зградата, иако на оние кои сакаат да ја напуштат тоа им е дозволено. На толпата пред зградата им се обратија дел од вработените во РТС, изразувајќи поддршка за студентите и ги повикаа своите колеги да се солидаризираат.
За време на вечерното емитување на вестите на РТС, пред зградата избувна метеж додека студентите и нивните поддржувачи извикуваа „Уа“ и „Излезете од зградата“.
Во понеделникот вечерта беше блокиран влезот на РТС, а синоќа преносот беше преместен на Кошутњак. Денеска, како што јави дописникот на Н1, програмата се емитува од Таковска 10.
Во првичната најава беше наведено дека протестот ќе трае 22 часа, а ќе заврши денеска во 21 часот.
„Никој не е уморен, РТС е блокиран!“ извикуваа студентите собрани пред телевизијата.
Во знак на солидарност, студентите во Нови Сад синоќа ја блокираа Радио Телевизија Војводина, додека студентите во Крагуевац ја блокираа Радио Телевизија Крагуевац.
Транспарент на кој пишуваше „Радио телевизија на Студентите“ беше обесен од демонстрантите на балконот на зградата.