Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот на Србија Александар Вучиќ, министерот за здравство Златибор Лончар, како и новинарски екипи, со што, според студентите, грубо биле нарушени достоинството, приватноста и здравјето на тешко повредените пациенти во трагедијата во Кочани, а меѓу кои беа и малолетници, пренесува N1.
Тие бараат, меѓу другото, да се покрене постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорката проф. д-р Јелена Друловиќ, како и на директорот Марко Ерцеговац и д-р Душан Мичиќ поради тоа што тие ја овозможиле оваа посета.
„Некои од пациентите кои се тешко повредени во стравичниот пожар во Кочани во Македонија, превезени се на лекување во Белград. На 17 март, на ова одделение влегоа многу физички лица меѓу кои и претседателот Вучиќ. Овие лица прекршија низа хигиенски мерки кои имаат за цел заштита на пациентите од ризични фактори кои може да доведат до сериозно загрозување н нивното здравје“, наведено е во соопштението на студентите од српскиот Медицински факултет.
Оттаму потсетуваат дека согласно српскиот Закон за правата на пациентите прошишано е дека пациентот има право на благовремена и квалитетна здравствена услуга во согласност со неговата здравствена состојба и утврдени стручни стандарди.
„Право на квалитет на здравствена услуга подразбира ниво на пружање на здравствени услуги и хуман однос кон пациентот. Во членот 10 ЗПП гарантирано е правото на пациентот на безбедност во остварувањето на здравствена заштита и во таа смисла здравствената установа е должна да се грижи за неговата безбедност“, наведено е во сооштението од студентите.
Извор: Мета.мк