Во грчкиот град се случи страшен инцидент кога 43-годишен маж, под дејство на алкохол, брутално ја нападнал својата бремена сопруга, нанесувајќи ѝ повеќекратни повреди со вилушка во пределот на лицето. Жената со тешки повреди била итно пренесена во болница, каде лекарите се бореле за нејзиниот вид и живот.

Според грчкиот весник Катимерини, жртвата претрпела стотици убоди во лицето. Медицинските лица изјавиле дека ако нападот продолжел уште неколку минути, исходот можел да биде фатален.
Жената била подложена на итна операција која траела повеќе од два и пол часа. Според лекарите, видот на левото око ѝ е вратен, но постои опасност да го изгуби десното. Фетусот што го носи, за среќа, не е во опасност.
„Целото нејзино лице беше погодено. Чудо е што преживеа. Напаѓачот покажуваше огромна омраза – изгледаше како да сака да ја убие“, изјавиле медицинските сестри кои се грижеле за жената.
Жртвата, според сведочењата, успеала да избега од куќата гола и околу 3 часот по полноќ се јавила во службите за итни случаи, барајќи помош.
Инцидентот се случил во понеделник навечер, кога напаѓачот, откако се вратил дома пијан, започнал расправија која завршила со брутален напад. Полицијата го привела 43-годишниот маж и против него ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство и семејно насилство.