Стравична семејна трагедија во Бугарија: Млад маж ги уби мајката, сестрата и тетката, па ја запали куќата

Во југоисточниот дел на Бугарија, во селото Љулјаково, општина Руан, денеска се случи страшна семејна трагедија во која животите ги загубија три лица.

Според информациите на бугарските медиуми, 25-годишен маж ги убил својата мајка (47), сестра (13) и тетка (73), а потоа ја запалил семејната куќа за да ги прикрие трагите од злосторството.

Седумгодишниот брат на осомничениот успеал да избега и покрај тоа што бил ранет. Тој веднаш ја алармирал полицијата, која пристигнала на местото и го изгаснала пожарот. Во куќата биле пронајдени три јагленисани тела. Детето е пренесено во болница, каде му е укажана медицинска помош.

Насилството се случило околу четири часот изутрина, јавува порталот „Нова“. Полицијата кратко потоа го уапсила осомничениот, а Регионалното обвинителство во Бургас отвори истрага за случајот. Засега не е познат мотивот за злосторството.

Зачлени се на нашиот е-билтен