Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Студенти во Белград блокираа раскрсници

Студенти на Правниот и техничките факултети денеска се собралe пред Правниот факултет во Белград, каде на 15 минути ја блокирале раскрсницата, како симбол на почитување на жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, јави Блиц.

Во објава на социјалните мрежи, студентите истакнале дека со овој протест сакаат да привлечат внимание и на настаните од синоќа, во кои, како што тврдат, биле повредени шестмина од нивните колеги.

Студентите носеле транспаренти со натписи како “Блокади”, “Мирно – академски”, “Ало, затвор”.

И студенти од Економскиот факултет во Белград денеска блокирале дел од Улицата „Гаврило Принцип“ , оддавајќи почит на жртвите од падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, но и на злосторствата на Цетиње и во Ариље.

Тие го запреле сообраќајот во тој дел на градот.

Во Нови Сад, студенти на Универзитетот протестираат поради испитниот рок, блокирајќи ја управната зграда на Студентскиот културен центар, поради наводната најава за можноста од одржување на испитите таму, кои биле предвидени за Правниот факултет.

Како што се пренесува на порталот 021.rs, управата на Правниот факултет во Нови Сад го преместила првиот ден од јануарскиот испитен рок “поради вонредни околности”. Во соопштението се наведува дека ќе биде известен студентите кои се пријавиле за испити на првиот ден од испитниот рок, 15-ти јануари, дека тие испити ќе бидат преместени “додека надлежните органи на факултетот не донесат натамошни одлуки”.

Зачлени се на нашиот е-билтен