Студентите денеска го продолжуваат патувањето кон Ниш каде во сабота на 1 март ќе се одржи голем протест.
Од различни градови, но за иста цел, кон Ниш се упатија бројни студенти од Србија.
Студентите од Факултетот за технички науки во Чачак, во западна Србија, и нивните колеги од Бујановац, на југот на земјата, во понеделник, 24 февруари, тргнаа пеш кон Ниш.
Нов студентски протест се одржува во најголемиот град на југот на 1 март, на денот кога се одбележуваат четири месеци од уривањето на настрешница во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Името на протестот „Студентски едикт“ е симболично поврзано со Миланскиот едикт на императорот Константин Велики од 313 година од нашата ера, кој е роден во Ниш. Воведе еднаквост на религиите во Римската империја.
Ќе трае 18 симболични часа, бидејќи 018 е подрачната шифра за Ниш, но е и повик за промената што е потребна, напишаа нишките студенти.
Студентите веќе три месеци ги блокираат факултетите ширум државата и организираат пикети како форма на притисок врз власта да ги исполни нивните барања и пред се да утврди кривична одговорност за трагедијата во Нови Сад.
Од Владата повторуваат дека нивните барања се исполнети, но студентите и нивните професори кои ги поддржуваат ги негираат овие тврдења и ги отфрлаат поканите на високи функционери за разговор.