Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Студентите по медицина во Албанија побараа од претседателот Бегај да не го потпишува законот за нив и се заканија со бојкот на наставата

Претставници на студентите по медицина во Албанија на денешната средба побараа од претседателот Бајрам Бегај да не го потпишува Законот со кој се обврзани по дипломирањето да останат во државата пет години.

–  Побаравме од претседателот да не става потпис на законот. Исто така го информиравме дека доколку законот не се анулира ќе ја бојкотираат наставата а законот ќе го оспориме пред Уставен суд, информираа студентите.

Додадоа дека претседателот и неговите советници ги слушале со посебно внимание.

Законот со кој студентите по завршувањето се обврзани да работат во Албанија, па дури потоа да ги добијат дипломите Парламентот го усвои пред десеттина дена со гласовите на владејачкото мнозинство.

Опозицијата и кога беше во најава законот остро ја критикуваа Владата и на парламентарната седница гласаше против.

Поради масовното заминување на белите мантили, пред се во Германија и Италија (четири илјади лекари и над 10 илјади медицински сестри) во земјата се чувствува голем недостиг од овој кадар. Поради тоа владата го донесе овој закон.

Доколку шефот на државата не стави потпис и го врати на повторно разгледување, по повторното изгласување тој автоматски стапува во сила.

Студентите по медицина одржаа неколку протести пред Владата, Министерството за здравство и пред Парламентот кога законот беше на дневен ред.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново