Студентски протест пред Генералштабот во Белград: „Ќе бидеме жив ѕид“

Денеска во 11 часот, пред зградата на поранешниот Генералштаб во Белград, ќе се одржи студентски протест под слоганот „Ќе бидеме жив ѕид“. Настанот го организираат студенти од Факултетот за применети уметности, Архитектонскиот факултет и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград.

Причина за протестот е најавата дека властите размислуваат за рушење или темелна реконструкција на комплексот, кој беше оштетен во НАТО-бомбардирањата во 1999 година. Овој објект, кој со години стои како симбол на градот, се смета за значаен дел од архитектонското и културното наследство на Белград.

Организаторите, обединети во иницијативата „Ансамбл Генералштаб“, најавуваат мирен собир и упатуваат порака до институциите дека објектот мора да се заштити.
„Ако државата не ја заштити оваа зграда, ние ќе ја браниме со своите тела“, велат студентите.

Иницијативата доби поддршка од бројни архитекти, професори и активисти за заштита на културното наследство, кои предупредуваат дека евентуалното рушење би значело неповратна загуба за историскиот идентитет на Белград.

Зачлени се на нашиот е-билтен