Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тридневна жалост во Црна Гора поради трагедијата во Цетиње

Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње, најави премиерот Милојко Спајиќ.

Тој исто така побара вечерва да се откажат сите настани на отворено низ државата.

„Страшната трагедија не погоди сите. Во моментов сите полициски екипи, се што е на располагање, се во Цетиње. Го бараме сторителот, на добар пат сме“, изјави Спајиќ за РТЦГ.

Претходно градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ донел одлука да се откаже новогодишната програма во главниот град на Црна Гора.

Премиерот Спајиќ рече дека четири лица се тешко повредени и дека лекарите се борат за нивниот живот.

„Тие се на операционите маси, па се надеваме дека ќе излезат, тоа е најважното во моментов“.

Тој рече и дека по толку многу трагедии треба да се отвори дебатата за тоа кој може да има оружје во Црна Гора.

„Ќе ги заостриме критериумите за држење оружје, утре веројатно ќе имаме Совет за национална безбедност каде што ќе ги разгледаме сите модулации, дури и целосна забрана за оружје и тоа доаѓа во предвид. Ова е трагедија која треба да не натера да се запрашаме кој може да има оружје во Црна Гора”, рече Спајиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен